Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заминува утре во Хрватска на неколкудневен одмор со своето семејство. Тој денеска објасни пред медиумите зошто оваа година ја избра Хрватска.
-Иако дел од медиуми се обидоа не знам зошто да ја изедначат датата на мојот одмор со датата кога Заев замина, за волја на вистината тоа не е така, јас од утре со моето семејство ќе одиме во Хрватска. Зошто токму Хрватска, бидејќи во моето детство родителите токму таму со мене и моја помала сестра го поминуваа одмоморот, затоа годинава решив да одам таму со мои два сина и сопругата – рече Мицкоски.
Инаку, премиерот Заев годинава дел од одморот ќе го помина во Охрид, а потоа со своето семејство заминува во Грција.
Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска веќе е во Скандинавија. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, неколку дена од својот одмор ќе ги помине во Грција на почетокот на август.
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи планира годишниот одмор да го користи од 2 до 10 август во Албанија. Министерката за правда, Рената Дескоска дел од летниот одмор ќе помине во Охрид.