Мицкоски кажуваше дека Скопје ќе ја добие најдобрата мајка, а градот нема превоз, критикува Ковачевски

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски денеска нагласи дека пред само една година претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одеше по градот и кажуваше дека Скопје ќе ја добие најдобрата мајка и ќе стане најдобриот и најмодерен град во светот.

Потоа, како што кажа, на прес-конференција кажа дека ќе обезбеди бесплатен јавен превоз за граѓаните на Скопје и дека ќе купел нови електрични автобуси и дека ќе се изградела фабрика за електрични автобуси.

-Од тоа не само што нема ништо, туку и превозот којшто го имаше во Скопје го нема, посочи Ковачевски.

Поврзани новости