Mицкоски: Кај мене предизвика чувство на гадење тврдењето дека народот во Струмица и Петрич зборуваат ист јазик

by fokus

Тврдењето на Заев дека народот во Струмица и Петрич говорат на ист јазик е глупост, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Клик плус“.

-Кај мене предизвика едно чувство на вознемиреност до гадење, кога слушнав дека Македонците од Струмица зборувале на ист јазик како и граѓаните на нашиот источен сосед во Петрич. Јас не мислам дека е така, и мислам дека Македонците во Струмица зборуваат на македонски јазик. Македонскиот јазик кој што се говори во Струмица не може никако да биде дијалект на бугарскиот јазик кој што се говори во Петрич. И тоа е една голема би рекол глупост од негова страна што беше кажана за тој бугарски медиум, рече Мицкоски.

Според Мицкоски се додека Бугарите не разберат дека сме два различни народи, се додека тоа не го расчистиме не можеме да говориме.

-До сега сум критикувал, но по ова треба да се делува згрозена е македонската јавност, рече Мицкоски.

 

Поврзани новости