Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ откри дека јавноста многу брзо ќе дознаела дека некој го предупредил Бојан Јовановски дека е пријавен за „Рекет“.
-Многу скоро во јавноста ќе излезе дека некој го предупредил Бојан Јовановски дека некој го предупредил за слуачајот Рекет од Владата, тој што го предупредил бил од Владата. И тоа не е добро. Ако е тоа така, а е така, тогаш треба да видиме кој е тој што го предупредил Бојан Јовановски. Да видиме која е таа личност, затоа што тука веќе овој октопод за кој што ние говориме има поголеми димензии. Не е само ограничен на четворицата осомничени. Сега пазете, Бојан Јовановски е гостин кај Зоран Заев во кабинетот, практично моден гуру, самиот Зоран Заев вели дека тој менаџира провладина телевизија и наеднаш никому ништо, тоа не важи, вели Мицкоски.