Јас не сум секундант за да можам да кажам кога ќе замине владата дали за една недела или месец, но знам дека сигурно ќе замине на брзи предвремени избри на кои ќе замине оваа криминална влада на ДУИ и СДСМ и ќе дојде народна влада, вели лдерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Доколку нема предвремени парламентарни избори, ќе мора да го оцениме однесувањето на СДСМ и ДУИ како неодговорно кон граѓаните и кон државата, мора да разберат дека се поразени. Денес имаме 60 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, 59 на опозицијата и 1 не знам каде, вели тој.
За лидерска средба, Мицкоски рече дека не гледа што би се разговарало, иако е секогаш добредојдена.
-Што не ги пуштеа нивните пратеници да гласаат, ќе беше 60 со 59 и пак ќе беше неуспешна интерпелацијата. Тие го засрамија секој граѓанин кој го заокружил нивното име. Буквално 59 пратеници се срам за демократијата. Власта сама себе се бојкотираше, зошто? Затоа што лидерите немаат доверба во своите пратеници, додаде Мицкоски.