Мицкоски ја повика ЕУ да престане со непринципиелниот однос кон Македонија

by fokus

Нема да прифатиме диктат како овој сега од Бугарија. Ние повеќе од две и пол децении откако го почнавме патот не сме почнале преговори, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во МРТ во централниот Дневник.

Мицкоски се осврна на случајот со Босна и Херцеговина и начинот на кој таа стартуваше преговори со ЕУ.

-Последниот аргумент кој ги надвладеа изговорите на сите од ЕУ е правилото на консензус и ако еден е против, нема одлука за проширување. Ама видовме дека и тоа е возможно на декемврискиот самит еден кој е против си излезе и се изгласа почеток на преговори за БиХ. Јас им честитам, ама тие немаат ни усогласена заедничка надворешна политика со ЕУ, посебно со Русија бидејќи еден од чинителите во БиХ има блиски односи со Путин. И сега тие почнуваат преговори, ние не можеме, кажа Мицкоски.

Според него Европската унија треба да е јасна кон Македонија и да каже јасно што треба да се направи, бидејќи Македонија направи големи жртви.

-Мислам дека ЕУ треба да дојде и да каже што сака од Македонија и од овој народ. Македонија направи многу за европските вредности, сменивме многу работи. Се направија многу отстапки верувајќи на зборот на европските политичари. Но, факт е дека тие не си го исполнија ветеното, а тука се правеше се, македонските политичари прифатија се, вели Мицкоски.

Претседателот укажа дека тој непринципиелен однос треба да престане.

-Токму затоа ние велиме ние сме подготвени да седнеме и да разговараме за тоа што овој народ може да очекува, што може да се направи, кажа Мицкоски.

 

Поврзани новости