Измамници му зеле на кумановец 800 евра наводно за на лекар и му дале лажни дијаманти

by fokus

Седумдесет и тригодишен кумановец вчера бил измамен на плоштадот во Скопје откако две лица му зеле 800 евра, а за возврат му дале лажни дијаманти. Човекот ја пријавил измамата во СЦР Куманово.

Според пријавеното, лицата му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека им требаат парите за да одат на лекар и за возврат ќе му дадат дијаманти, а откако ќе завршат ќе се вратат и ќе му ги дадат парите. Како што е пријавено, тој им ги дал парите, а тие му дале накит за кој подоцна утврдил дека е бижутерија. Исто така, според пријавеното, лицата не се вратиле, по што сфатил дека е измамен, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости