Мицкоски: Изборите можат да се одржат 60 дена по вонредната состојба

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција истакна дека за него не е легитимна уредбата на Владата, врз основа на која СДСМ тврди дека треба да се одржат избори на 21 јуни, доколку не биде продолжена вонредната состојба, која завршува на 30 мај.

Мицкоски потенцираше дека по завршување на вонредната состојба треба да поминат 60 дена до одржување на изборите.

Во однос на изборниот датум, Мицкоски, сепак, рече дека ВМРО-ДПМНЕ е за компромис, но дека не прифаќа ултиматуми, каков што е ултиматумот на Зоран Заев за избори на 21 јуни.

Поврзани новости