Мицкоски: Информиран сум за два типа закани врз пратеници

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во разговор за Дојче Веле вели дека постојат закани до дел од пратениците од Македонија.

„Има два типа на закани за кои сум информиран – едниот е директен, во смисла ќе ви се случи лошо вам и на вашите блиски ако поддржите избори, а вториот тип на закани е преку посредници на луѓе блиски до тие пратеници, нивни роднини и пријатели. Добро е што поголемиот дел се охрабрени и директно сведочат за таквиот однос. Јас сум убеден дека тие ќе останат доследни, бидејќи борбата за Македонија нема цена, а криминалците еден ден ќе зажалат за ова што го прават“, изјави тој.

Поврзани новости