673
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со коалиционите партнери изјави дека има комуникации и со други партии за влез во коалицијата.
-Имаме комуникација и со други политички партии да се придружат на нашата коалиција, дел од тие партии вчера беа заедно со Заев. Разовараме и со албанските партии. Анкетите кои ги прават и европските тела се во насока на огромна предност на ВМРО-ДПМНЕ. Нашите бројки се повеќе од 100.000 гласа предност пред СДСМ, изјави Мицкоски.