Мицкоски го смени името на партиската коалицијата

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршување на вечершната средба со коалиционите партнери изјави дека ги информирал за вчерашната лидерска средбa, како и тоа дека по негов предлог го смениле името на коалицијата.

-Ги информирав партнерите за вчерашната лидерска средба кај претседателот Пендаровски и за предвремените избори. Предложив Коалицијата за подобра Македонија да се преименува во Коалиција за обнова на Македонија и тоа беше едногсласно прифатено. На Македонија и е потребна обнова, рече Мицкоски.

Поврзани новости