Мицкоски: Имам сведочења од пратеници дека биле обработувани од Јанева за уставните измени

by fokus

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за неделникот „Фокус“ тврди дека има сведочења од пратеници за тоа како специјалната јавна обвинителка Катица Јанева наводно ги „обработувала“ за да гласаат за уставните измени.

МИЦКОСКИ: …Имам сведочења од пратеници коишто практично биле предмет на обработка на Катица Јанева во процесот на уставните измени. Подготвени се да го потврдат тоа секаде. Јас лично бев жртва на нејзина уцена кога Катица Јанева во нејзината канцеларија ме уценуваше да гласам за СЈО за да ми го одмрзне имотот. Тоа е трговија со правото и конечно на крај, сведоци сме на најголемиот скандал во поновата историја на Република Македонија „Рекет“, каде што со очи македонската јавноста можеше да ги види парите во куферот и да ја слушне Катица Јанева дека сè ќе било ОК. Зар вие мислите дека овие, Бојан Јовановски, Катица Јанева и останатите учесници сами можеле ова да го направат? Јас ви гарантирам…, вели Мицкоски во интервју за неделникот Фокус.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости