Промени мора да има. Знајте оваа битка ја водам и за вас, и за вашата подршка секојдневно копнеам. Оваа поддршка се смета во процесот за промена на оваа власт, рече вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Му се обраќам и на премиерот кој се смее дека оваа земја била Западна Бугарија. Нека знае премиерот дека оваа земја, била, е и ќе остане нашата мила мајка Македонија. Тоа е таа огромна љубов која ја сакаме до болка, за која мечтаеме до последен здив. Ова е Македонија, ова е нејзиниот народ, Победуваме!, порача Христијан Мицкоски.
Тој истакна дека Владата е единствен причинител на сите наши несреќи и колективни разочарувања.
-Народот сака борба, сака да се избори за својата Македонија. Потребна е заедничка борба за Македонија зошто другиот избор е Македонија да ја нема, да не постои.
Или ќе се бориме и победиме или ќе ја нема Македонија, мора ова да му биде јасно на секого!, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.