Додека сум на чело на ВМРО-ДПМНЕ нема да се смени Уставот, порача Мицкоски

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот протест го сподели и својот став за францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Според Мицкоски, со овој предлог, одиме во бугаризација, а во ЕУ можеби никогаш нема ни да влеземе.

-Одбиј го овој предлог, ние стоиме позади тебе, не го слушај менторот, му порача на премиерот Димитар Ковачевски.

Мицкоски додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се смени Уставот.

-Две третини менуваат Устав. Додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да се смени Уставот за бугарските барања да бидат дел од него.
Ниту јас ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати понижувачки договор на штета на националните интереси. Ако Владата реши да го носи надвор од Собранието или на сила во Собранието, тогаш идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува ниту една точка, рече Мицкоски.

Тој и порача на Бугарија дека треба да се извини.

-Бугарија треба да се извини за фашистичкото минато што го вршела врз овој народ, а не да ја ретушира историјата, рече Мицкоски.

Поврзани новости