521
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предмалку објави дека и вториот тест за корона вирус му е негативен, со што му завршува домашниот карантин.
-Мојот карантин завршува, се посветувам на моите редовни активности. Овој Велигден е поразличен од оние кои ги паметиме. Овој најголем празник ќе го прославиме во кругот на семејството, и така ќе спасиме човечки животи, а на Христовото воскресение ќе се радуваме со нашите најблиски. Многу среќа, успеси и следниот Велигден заедно да го славиме во Божјите храмови. Бидете живи и здрави, порача Мицкоски.