„Мицкоски и пружи рака на Левица против Европскиот фронт“

by Fokus

„Чувствувајќи го длабокиот пораз на 24 април и 8 мај, ВМРО и Мицкоски започнаа коалиции со сите антиевропски и антиалбански центри во Северна Македонија.

Единствена закана на Мицкоски изгледа е опасноста од ДУИ и Европскиот фронт, па помош бара дури и од Левица на Апасиев и ЗНАМ на Димитриевски.

Мицкоски на последните два митинга и подаде рака на Левица, бидејќи веќе е убедена дека Европскиот фронт ќе биде клучот за формирање на идната Влада. Исто така, убедена е дека и албанската опозиција ќе биде голем губитник и поради оваа причина сега се свртува кон Ванковска и Апасиев, двете главни фигури на руската политика во Северна Македонија“ велат од Европскиот фронт, предводен од владејачката ДУИ.

Од ДУИ и Европскиот фронт ги повикуваат граѓаните, „без разлика на етничката припадност, да ја поддржат Платформата на идниот претседател, д-р Бујар Османи и патот кон ЕУ кој го трасира Европскиот фронт“.

Поврзани новости