Мицкоски и посака добредојде на американската амбасадорка

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ја имаше првата средба со новата американска амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнс.

-И посакав добредојде на Амбасадорката и изразив надеж дека соработката во текот на нејзиниот мандат ќе биде во насока на подобрување на стратешките односи помеѓу Република Македонија и САД. Исто така нагласив дека за ВМРО-ДПМНЕ пријателството помеѓу Република Македонија и САД е од особено значење. Посочив дека за партијата клучен стратешки интерес е членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ, напиша Мицкоски по средбата.

Поврзани новости