Сашо Дракуловски: Семејството е најважната алка во овој чудесен синџир наречен живот и инспирација за професионален успех

by lali
Интервју со Сашо Дракуловски, генерален директор на САВА осигурување

Сашо Дракуловски, генерален директор на една од најголемите осигурителни компании во државата, економист и магистер по менаџмент, татко и сопруг, спортист.

Фокус: Кој е Сашо Дракуловски? Директор или татко?

За мене најважно е што сум исполнет во приватниот живот, како сопруг и татко на прекрасни деца. Семејството е најважната алка во мојот живот, а без поддршката од него, човек не може да очекува дека ќе биде успешен во професионалниот живот, дека професионално ќе се оствари и конечно – дека ќе биде задоволен од резултатите. Професионално, влегов во осигурителниот и финансискиот сектор по дипломирањето на Економскиот факултет во Скопје. Низ годините, стекнав искуства на бројни раководни позиции со сериозна одговорност во областите на менаџирањето, меѓучовечките односи иградењето на здрави бизнис односи, давајќи свој придонес во развојот на деловната клима во Македонија. Среќен сум за сите тие искуства со кои можев да растам и созревам како човек и како професионалец.

Фокус: Од крајот на минатата година сте генерален директор на САВАосигурување, компанија која е присутна на македонскиот пазар повеќе од 25 години. Како е да се предводи една реномирана компанија со долга традиција во осигурителниот бизнис?

Сава осигурување е одлична компанија совпечатливо присуство во македонскиот осигурителен сектор. Комбинацијата од високо развиена продажна мрежа од подружници со агенти низ целата држава, технички и логистички врвно подготвена,модерна и иновативна, ја прави Савасериозен партнер на сите граѓани кои размислуваат за сопственото осигурување, за осигурувањето на своите најмили или на својот имот. Оттука, предизвикот да се предводи тим кој е спој од квалитетно знаење, искуство и зрелост, но и младешки дух и амбициозност, навистина претставува незаменлив поттик и инспирација за мене.

Фокус: Што е ново во Сава осигурување? На што работите во последниот период?

Ако погледнеме долгорочно, САВА осигурување постојано напредува и создава нови иновативни начини за да ги задоволи потребите на корисниците, бидејќи клиентот е секогаш во фокусот на нашето работење. Обезбедуваме транспарентна, едноставна и модерна услуга, со решенија максимално прилагодени на потребите на клиентите, не само за осигурителни покритија, туку и за набавка на полиси, поддршка за корисниците на полисите при потреба од помош итн. Нашиот контакт центар е достапен 24/7 преку директна комуникација со нашите агенти преку телефон и онлајн на веб страната, преку кои може да се добијат секакви информации, помош, како и поддршка со инструкции при онлајн купувањето.Имаме сопствен асистентски центар које деноноќно на располагање на нашите корисници кои имаат потреба од помош при штети во домот или на патување. Нашите клиенти ја добиваат најкомплетната понуда за осигурување на моторни возила на македонскиот пазар, со сите задолжителни и многу дополнителни продукти: каско за стари и нови возила, каско на возачот, 24/7 помош на пат, онлајн продажба на полиси за автоодговорност, сопствени станици за технички преглед.За оние кои сакаат повисок стандард на здравствена заштита создадовме програма за Доброволно приватно здравствено осигурување со многу комбинации од покритија и поволности. За нив, нашиот асистентски центар го координира целиот процес: од закажување термин, преку прием во медицинските установи до подмирување на трошоците за извршените прегледи и зафати. На деловните корисници им обезбедуваме посебни пакети на услуги, креирани по мерка на секој од нив.За тие кои веќе знаат што точно им треба, тука сме со онлајн продажбата за купување нови или обнова на постоечки полиси за осигурување.
Треба да се има предвид дека Сава е дел од многу сериозна осигурителна групација – една од најголемите во регионов која, како резултат на својот раст, неодамна изврши ребрендирање од „Сава Ре“во Sava Insurance Group. Во Македонија, освен по сопственоста на нашата компанија, групацијата стана уште попрепознатлива откако стана сопственик и на Савапензиско друштво а.д. Скопје(претходно сопственост на НЛБ банка). Како резултат на тоа, досегашните членови на фондот, како и сите заинтересирани, можат да добијат овластен агент за пензиско осигурувањеи во подружниците на Сава осигурување а.д. Скопје.Во таа насока, заедничкиработиме на нови и иновативни услуги за нашите клиенти како,на пример, проектотСава картичка. Активни сме и одговорни кон средината во која живееме и работиме, па се трудиме да дадеме поддршка во повеќе сфери – спорт, екологија, социјала. Едукацијата ја сметаме за посебно важна, па пролетва повторно бевме дел од манифестацијата „Денови на финансиска писменост“, за да споделиме информации за осигурувањето со ситезаинтересирани граѓани и да придонесеме кон зголемувањето на општата финансиска писменост.Како што забележувате, групацискиот слоган „Никогаш сами“ навистина го реализираме со нашата работа.

Фокус: Што правите кога не сте на работа, како се справувате со стресот од брзиот начин на живот?

За среќа, долги години активно се занимавам со спорт. Спортот е филозофија на моето живеење,  средство за релаксација и амортизирање на секојдневните проблеми и предизвици, барем за кратко. Уште како тинејџер, започнав активно да играм кошарка, дури до скоро бев и дел од раководството на Кошаракарската федерација на Македонија, како нејзин потпретседател. Со пријателите често се договараме и играме баскет или тенис, но знам да поминам време во фитнес клуб или да ги освежам мислите и погледот со џогирање во природа.

Фокус: За крај, од кое мото се водите, што би им порачале на читателите?

За човек да биде успешен, мора да го пронајде сопствениот баланс, а во исто време да биде флексибилен лидер кој е подготвен да врши промени, прилагодувања, останувајќи стратешки ориентиран визионер кој знае кон што се стреми за да ја оствари „големата слика“.

Поврзани новости