Со опозицијата не дојдовме до договор синоќа, поради тоа што нив не ги интересираат граѓаните. Ова го истакна премиерот Заев во своите први впечатоци од лидерската средба.
„Се соочувавме со невозможно барање. Тие бараат предметите да дојдат до нивна контрола. Бараат криминалот да го заташкаат и не ги интересира нити ЕУ нити интересот на граѓаните. Тоа е целта што сакаат да ја постигнат, затоа е тешко да се постигне договор. Жал ми е што Мицкоски и опозицијата живеат заробени во претходното раководство. Понудивме формирање на ново обвинителство, но нив не ги интересира борба против корупцијата. Нив ги интересира да се заташкаат предметите. Новото обвинителство треба да отвора предмети, дали против мене, дали против друг, тоа не е важно. Опозицијата да увиди колку е важно државните интереси да бидат над партиските интереси. Нема компромиси околу тие прашања. Правна држава мора да има“, рече Заев.