Пратеничката Даниела Рангелова во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и рекол дека тој сака таа да продолжи да ја води Унијата на жени, но дека тоа мора да биде според неговите ставови.
-Мицкоски вака ми кажа: „Јас сакам да продолжиш да ја водиш Унијата на жени, но имаме различни ставови и размислувања. Или ќе работиш според нашите ставови или ќе мора да се разидеме. Еве една недела размисли“. Кај мене еве што последно ја прелеа чашата. Една членка и претседателка на комисија на ВМРО-ДПМНЕ рече: Ниту еден документ на ЕУ не забранува на членките да членуваат во други сојузи, зошто толкава хистерија за ЕУ. После ова јас одлучив дека не сакам да бидам дел од таквото раководство, рече Рангелова.