Мицкоски: Го туркаат Заев да се кандидира за претседател на државата

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на 27-та годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, порача дека луѓето на власт се измамници и тие се тие што ја водат државата во овој момент.

-Ветуваа живот,  а донесоа само страдање. Му го кратат лебот на народот поскапувајќи го, цената на горивата вртоглаво расте.  Ова е анти економска и антиреформска влада. Но денеска ништо не може од нив да не изненади, секој збор што ќе го слушнеме знаете дека ве лажат и знаете си кажуваат и неостваруваат. И затоа Заев сега ќе го потурнат и храбрат за да се кандидира за претседател на државата затоа што така мисли дека ќе може да избега од одговорноста за се ова што и се случува на државата, за сите лажни и неостварени ветувања, за сите неправди, но ќе му порачам овде да не се лаже. Тоа е билет во еден правец, а одговорноста ќе го стигне. Бил премиер или не. Таа ќе си дојде. Затоа што вистинска правда мора да завладее. Па дури и за Зоран Заев – потенцира Мицкоски.

Тој додава дека не смее да се дозволи повеќе политички притисоци да управуваат со правото.

-И ова не го зборувам само затоа што ВМРО-ДПМНЕ е под жесток  удар. И ве молам на тоа да не гледате само така, туку како една сеопштествена појава која е канцер на нашето општество, која го дели и раслојува. Кога било кој граѓанин ќе доживее некаква неправда ќе мора да отиде на суд и да ја бара правдата, но таму правда нема. Нема затоа што таму политиката управува – додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости