392
Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, по обвинувањата на СДСМ дека лажел дека токму тој ја издесјтвувал помошта за заштитна опрема од Словенија, на Фејсбук објави твит од неговиот пријател, словенечкиот премиер, Јанез Јанша, како доказ дека тој ургирал за помошта од Словенија.
-Во овие тешки моменти на голема криза, наместо да имаат на мисла како да спасат животи, тие смислуваат лажни вести. Но, вистината победува. И уште една голема благодарност до премиерот на Словенија и пријател на Македонија, Јанез Јанша. Што се однесува до бројот на тестовите, брзо по пандемијата ќе се види кој лажел, а богами и кој крадел. Да се фокусираме сега на она што е најважно за граѓаните, здравјето и спасот од сиромаштија, напиша Мицкоски.