Мицкоски на лидерската предложил со црвени линии да и се одговори на Бугарија, Заев и Пендаровски се согласиле

by fokus

Македонија итно треба да донесе резолуција со која ќе одговори на Декларацијата на Бугарија во која се поставуваат нови услови кои го задираат македонскиот јазик и историја, и со која ќе постави црвени линии, предложил Христијан Мицкоски на вчерашната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски. Сите партиски лидери, вклучително и премиерот Заев и претседателот Пендаровски се согласиле со овој предлог, потврдија од ВМРО-ДПМНЕ за Фокус.

Игор Јанушев пак, на денешната прес конференција рече дека неминовно е да се одговори од македонска страна.

-И во однос на сите реакции на оваа Декларација неминовно е од наша страна, од Република Македонија да има реакција на таквата Декларација што буквално сите, вклучувајќи го Пендаровски и Заев се согласија дека е потребна итна реакција. Ќе видиме во слендите денови како ќе се движи оваа работа. Доколу не преземат иницијатива, ВМРО ДПМНЕ ќе го направи тоа, рече Јанушев.

 

Поврзани новости