Претседателот Стево Пендаровски е исчезнат, јас не знам каде е освен што мене ме критикува по нарачка, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали е за лидерска средба со оглед на последните случувања на политичката сцена.
-Лидерска средба секогаш може да се случи, но не гледам на која тема. Со кого сега да седнеме, со Пендаровски? Јас не знам, Стево Пендаровски е исчезнат. Го слушнавте ли, даде ли тој некој коментар за ова што се случува во Македонија. Јас не го гледам. Единствено мене што ме критикува одвреме-навреме, кога ќе добие нарачка од Зоран Заев – изјави Мицкоски.
Пендаровски, пак, му одговори дека не бил „исчезнат“ додека, како што рече, Мицкоски се обидувал да направи парламентарно мнозинство од 61 пратеник.
-Одеднаш, според него исчезнувам откога му пропадна обидот да направи мнозинство од 61 пратеник – рече Пендаровски, додавајќи дека нема намера да излегува од уставните надлежности.