Мицкоски е самобендисан лицемер, велат од СДСМ

by Fokus

Лицемерно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ за помалку пратеници во составот на Собранието, тоа е истата партија која со години трошеше пари и организираше избори за дополнителни три пратеници во дијаспората, реагираа од владејачката СДСМ.

„На тој начин, со изборни неправилности, со едвај стотина гласови ВМРО-ДПМНЕ добиваше три пратеници. За своите барања за предвремени избори и укинување на техничката влада Мицкоски не може да се договори ниту во сопствената коалиција, бидејќи Алијанса за Албанците не прифаќа укинување на техничката Влада“, се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости