Мицкоски е очаен и изгубен, заборавил да брои, реагираат од СДСМ

by Fokus

„Христијан Мицкоски е изгубен во сопствените заблуди, па заборавил и да брои. После 16 часа од поразот, ни срам ни перде, излезе да каже дека победил со два до три пратеници во минус, за да му се смее цела јавност“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Мицкоски.

Според нив, лидерот на опозицијата повторно го потценил народот, особено со ставот дека гласот на Албанците вреди помалку од оној на останатите граѓани.

„Тој е поразен политичар. Ваков очаен политичар е најдобро е да оди надвор од политика. Мицкоски денес го потцени гласот на граѓанинот, а со тоа ги потцени и сите во неговата коалиција во која има претставници и од други етнички заедници. Вчера на фер, слободни, демократски избори народот јасно му го покажа патот. Што понастрана од власта“, велат од СДСМ.

 

Поврзани новости