Европските социјалисти му честитаа на СДСМ за победата

by Fokus

Партијата на европските социјалисти (ПЕС) го поздрави исходот од изборите и ѝ ја честита „изборната победа“ на нејзината сестринска партија СДСМ.

Од таму посочуваат дека овој резултат  ќе им овозможи на СДСМ да стигнат до ново владино мнозинство.

„Гласачите ја наградија добрата работа на премиерот Зоран Заев и неговата коалиција предводена од СДСМ. Во неговиот мандат, невработеноста се намали, социјалните услови се подобрија и Северна Македонија влезе во НАТО и го расчисти патот кон ЕУ. Зоран и СДСМ се добри за Северна Македонија, добри за демократијата и добро за Европа. Ни треба повеќе од ова прогресивно лидерство во нашето соседство“, порача претседателот на ПЕС, Сергеј Станишев.

 

Поврзани новости