Заев вчера во Тетово зборувал за „чиста Македонија“ во некаков етнички контекст и истото го поврзувал со ВМРО-ДПМНЕ. Го гледам и се чудам, тој е убеден дека со уште една нова лага, ќе им се прикаже за спасител на другите заедници, а ние да бидеме лошите, оние назадните, прво никогаш не сум изговорил таков збор, тоа не е дел од мојот речник, тоа не е дел од моето размислување, но еве што го споменал зборот „чиста“, да му одговорам, јас сум за исчистена Македонија од криминалци и измамници како што сте вие.
Ова му го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев од митингот во Радовиш.
Тој вели дека повисоките цени го јадат семејниот буџет, половина милион луѓе живеат со сто и педесет денари на ден, а покачени се цените на маслото, млекото, брашното, а денеска по кој знае по кој пат се покачи и цената на бензинот,а се најавува и она кое ВМРО-ДПМНЕ го говореше покачување на цената на струјата, а платите не се доволни за подмирување на основните потреби.
-Додека гореа 14-те луѓе во Тетово, Заев следниот ден го достави Законот за марихуана во парламентот за да му помине и да му дозволи семеен извоз , нема ден без скандали, нема скандал со правна завршница, одговорот на ова од страна на власта е дефокусирање и релативизирање ,а тие почитувани радовишани сакаат да мислите дека сите сме исти, да мислите дека без нив нема иднина, а во суштина тие се кочницата за нашата заедничка иднина, вели Мицкоски.