Весковски до Јакимовски: Да беше добар кандидат, немаше да те поддржува ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Да бевте добар кандидат, немаше да ве поддржи ВМРО-ДПМНЕ, му рече кандидатот за градоначалник на општина Карпош од СДСМ, Душко Весковски на кандидатот за градоначалник од ГРОМ, Стевче Јакимовски, партија којашто е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во емисијата „Само висина“ на Канал 5 го обвини дека перел пари преку Кошаркарскиот клуб Карпош Соколи.

Според Весковски, 160 милиони евра се плаќаат врз основи на камати, оставени од долгот на поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски.

На дебатата, Весковски посочи дека пропаѓањето на Општина Карпош е резултат  на владеењето на Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ, кога, според него, бил направен голем долг.

Јакимовски, пак, се бранеше не бил одговорен за долгот, додека кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски, се оградуваше од секаква одговорност.

 

Поврзани новости