Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека од понеделник ќе поднесат закон за укинување на техничката влада. За одржување на предвремени избори, тој вели дека нуди договор за една изборна единица.
-Ќе поднесеме закон кој е веќе подготвен за измени на Законот за Влада, во којшто велиме дека е потребно да се избрише тоа коешто до сега го третираше техничката влада. Нека се охрабрат, еве Оливер Спасовски нели му го држи стравот на моменталниот премиер, ајде да излеземе на парламентарни избори. Еве вчера вели дека ќе владеел 12 години, ќе бил премиер кој ќе владее 12 години, еве можност во скратен рок 45 до 60 дена да излеземе на предвремени парламентарни избори – рече Мицкоски на Сител.
Тој додаде на избори треба да се види дали граѓаните мислат дека СДСМ и ДУИ можат да ја водат државата или треба некоја друга политичка партија.
-Неодговорно е ако молчат, неодговорно е и Маја Морачанин, Павле Трајанов, Љупчо Ѓеоргиевски и Горан Милевски да поддржуват влада што е спротивно на желбата на мнозинската заедница во Македонија која политички дава поддршка на друга опција. Затоа велам еве ги сите измени на маса, гласајте ги имате можност да одлучувате дали ќе бидете таму каде што сте 12 години или ќе заминете веднаш по тие парламентарни избори – вели Мицкоски.