539
Достоинство или го имаш или воопшто го немаш. Кога го немаш, тогаш навредите и понижувањата ти се смешни! Меѓутоа, на народот не!, му порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на премиерот Димитар Ковачевски по видеото во Солун, откако Рама го претстави пред Шолц како „премиер на идна Западна Бугарија“.
-Стоп за понижувањата на државата, за неодговорноста и за народниот грабеж! Премногу е!“, напиша Мицкоски по што уште еднаш повика на голем протест на 18. јуни пред Владата.