Невреме и поплави во Анкара – има и загинати и исчезнати

by fokus

Силно невреме предизвика големи поплави во турскиот главен град, Анката во коишто едно лице загина, јавуваат турските медиуми.

Екипите за пребарување и спасување го пронајдоа телото на 27-годишниот возач на автобус во близина на речното корито меѓу гранките на дрвјата.

Градоначалникот на Анкара Мансур Јавас објави дека се спасени 35 луѓе.

Во Анкара беа пријавени поплави на 300 места, паднаа 35 дрвја, а се урнаа покривите на 23 згради.

Повеќе од 3.000 спасувачи продолжуваат да работат во погодените области на главниот град.

 

 

Поврзани новости