Делегација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски денеска имаше средба со Советот на американски амбасадори, кои се наоѓаат во посета на земјава на која што се разговарало за актуелната политичка и економска ситуација на Македонија како и македонските евроинтеграции.
Како што соопштија од партијата, Мицкоски на средбата истакнал дека „уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има“.
„Мицкоски потенцира дека местото на Македонија е во Европската Унија, но за Македонија треба да важат истите услови како и за останатите земји членки, односно патот на земјава во ЕУ треба да биде базиран на Копенхашките критериуми и без дополнителни услови“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.