Мицкоски: Дел од актуелното раководство на СДСМ е многу поблиско со Мијалков, отколку Чулев

by fokus

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, гостувајќи во „Економски Магазин“ на Алсат ТВ, запрашан дали е точно тоа дека актуелниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев е близок со Сашо Мијалков, одговори дека актуелното раководство на СДСМ е многу поблиско со поранешниот директор на УБК.

-Голем дел од актуелното раководство на СДСМ е многу поблиско со актуелниот господин кој го споменавте откоку било кој член од раковоството на ВМРО-ДПМНЕ. Таа шпекулација е дел од оној лош пи-ар фолклор кој го рефлектира СДСМ во последно време – одговори  Мицкоски, која го предложи Чулев да биде дел од техничката Влада до изборите на пролет.

Запрашан за тоа како го оценува функционирањето на техничката Влада и внатрешната нетрпеливост помеѓу раководителите од власта и опозицијата, Мицкоски рече дека тоа го иницирал СДСМ со систематизација на стотии работни места на четири дена пред примопредавање на кабинетот во МВР.

– Не знам зошто имало потреба да се распределуваат тие луѓе кои се професионалци и местото им било таму, а не на друго место. Тоа се луѓе неподобни за СДСМ кои сведочат за неправдите кај новиот министер, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости