Детално метео: И понатаму стабилно и суво, а по котлините магливо

by fokus

До крајот на денов во нашата држава ќе имаме сончево време, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. По котлините, особено во текот на претпладнево, и повторно навечер ќе има магла и ниска облачност. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.

И во текот на следните неколку денови ќе бидеме под влијание на стабилна и сува воздушна маса, времето ќе биде сончево, повремено со мала локална облачност. По котлините ќе има магла и ниска облачност, особено наутро , во предпладневните и повторно во вечерните часови.

Температурите на воздухот нема многу да се менуваат во однос на сегашните, се до викендот кога очекуваме нивно незначително опаѓање. За време на викендот, и тоа особено во недела се очекува повеќе облачност во нашата држава.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости