Мицкоски: Да видиме дали ќе има договор за Законот за државјанство, потоа ќе одлучуваме за повлекување на амандманите

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека партијата ќе почека резултат од средбата која неделава треба да ја одржи власта со претставници на коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците во врска со предложениот закон за државјанство и оти потоа ќе излезе со став дали ќе ги повлече амандманите што ги има поднесено во Собранието на овој предлог.

Тој вели дека има информации оти оваа средба треба да се одржи до крајот на неделата, како дека нивното постапување зависи од тоа што ќе биде договорено на средбата.

Законот каков што беше предложен во Собранието, нагласи Мицкоски, не беше прифатлив ниту за СДСМ, ниту за Левица, ниту за нас како партија, а ние поднесовме амандмани. Како резултат на тоа, рече Мицкоски, од коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците ги блокираат сите закони кои влегуваат во Парламентот. Тоа, нагласи е случај и со оној кој се однесува на финансиската поддршка за компаниите и граѓаните.

За да се одглави овој закон, тој на Заев му предложил ВМРО-ДПМНЕ да ги повлече амандманите на законот за државјанство, а коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците да ги повлече амандманите на законите за поддршка на компаниите и граѓаните и тие да дојдат на седница, каде, речем би се видело кој е за и против и за едниот и за другиот закон. Но, рече Мицкоски, тоа не беше направено.

Додаде дека се остави простор, власта да разговара со коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците. Сега кога има информации за нова средба, рече, да почекаме каков би бил договорот и потоа да се признесеме.

Според него, блокадата на законите за финансиска поддршка е за целосна осуда, бидејќи рече таа и е потребна и на бизнисите и на граѓаните, без разлика на која етничка заедница и припаѓаат.

Поврзани новости