Обвинение за маж кој сексуално злоупотребувал две деца во Росоман

by fokus

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години според член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Кавадарци.

-Обвинетиот 41-годишник, на точно неутврдени датуми во 2020 година, во куќа во Росоман, во повеќе наврати извршил полови дејствија врз две деца кои не наполниле 14 години, при што ги сликал со мобилен телефон, информираат од ОЈО Гостивар.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​

Поврзани новости