Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска преку објава на Фејсбук побара под итно да се ослободат од работа хронично болни во јавниот и приватниот сектор, и сите на возраст над 60 години.
-Црн ден за Македонија. 24 починати од #COVID само за еден ден. Министре Филипче, ова не е само бројка. Ова се човечки судбини, загубени вредни луѓе, семејни трагедии. Ве повикувам заедно со Заев веднаш да донесете одлука за ослободување од работа на сите хронично болни во јавниот и приватниот сектор, како и на сите на возраст над 60 години како најризична група. Државата мора да собере сила да го издржи тој товар, бидејќи човечкиот живот нема цена. Да не губиме повеќе време, да ги заштитиме граѓаните, да спасиме што е можно повеќе животи.Затоа што секој живот е важен!, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.