Мицкоски: Да се обединиме определни, неопределни, леви и десни и да го поразиме Заев

by fokus

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево преку видео обраќање ги повика сите граѓани кои се незадоволни од политиката на актуелната Влада да се обединат со нив за, како што рече, да го поразат премиерот Зоран Заев.

-Ве повикувам сите заедно да се обединиме без разлика дали сме политички определени или политички неопределени, леви, десни, либерални, или конзервативни, да се обединиме за да може Македонија да продолжи да победува. Важно е во овој момент да застанеме на патот на неправдата, затоа ни е потребно обединување, да престане трговијата со идентитетот, да престане трговијата со посебноста, историјата, обичаите, традицијата.
Да престане трговијата со правата на нашите Македонци кај нашиот источен сосед и кај нашите соседи воопшто. Затоа ајде сите да се обединиме против сето ова што денеска ни се случува, потребна е оставка на Заев за слобода на народот, рече Мицкоски во видео-обраќањето.

Поврзани новости