Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот предизбрен митинг во општина Демир Хисар истакна дека ова не се обични локални избори, затоа што сега не само што бираме градоначалник и советници, во суштина ова се избори кои ќе определат во каква насока ќе се движи Македонија.
-Ако ги погледате настаните на СДСМ предводено од Зоран Заев и оние мали зоранчиња кандидати за градоначалници од СДСМ ќе видите дека тие имаат реторика со која длабоко се заглавени во минатото, заглавени во 2015 кога беа опозиција. Се подготвуваат за една опозиција, па уште сега речникот им е таков. Заборавија дека 4 години се апсолутна власт каде имаа можност да покажат дека ќе донесат живот и развој, но донесоа криминал, корупција, измами, предавства, распродажба, го засрамија сопствениот народ. Народот се разочара, се сели, селата се празни, а почнаа да се празнат и градовите. Сите не поминаа на Балканот, Европа веќе за нас е недостижна цел, тапкаме во место не вратија неколку чекори наназад, човек срам да го фати од оваа неспособност, од ова неработење раководено од СДСМ, Зоран Заев и неговите малечки зоранчиња, рече Мицкоски.