Мицкоски бил платен 20 илјади евра за советничкиот ангажман во владата на Груевски

by Fokus

1,2 милиони денари е износот кој му бил исплатен на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за неговиот ангажман како советник во кабинетите на тогашните премиери Никола Груевски и Емил Димитриев, пренесува Телма.

Според документите, Мицкоски бил ангажиран во периодот од април 2015 година до октомври 2016 година. Во тој период, освен за два месеци, месечниот надомест кој му бил исплаќан е 68.363 денари или 1.100 евра.

Мицскоски во изјава за Телма потврдил дека за дел од периодот ангажиран како советник на  премиерите Груевски и Димитриев му бил исплаќан хонорар. а дел бил про боно.

Поврзани новости