Мицкоски: Акцијата “Мафија” ја започна Наќе Чулев

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека денешната акција на МВР всушност ја започнал Наќе Чулев.

-Од МВР велат дека акцијата против мафијата започнала уште пред една година, иако ваков пасош бил издаден пред цели 4 години. Токму оваа акција ја започна Наќе Чулев, што значи дека претходните 3 години тие ги преспале, а после министерувањето на Чулев тие продолжиле да молчат за криминалот на мафијата, напиша Чулев на фејсбук.

Тој вели дека требало ВМРО-ДПМНЕ да одржи брифинг за да има акција, во која, според него, по добро познат метод, а со цел да се скрие врвот на власта, настрадале административни службеници.

-Треба да престанат да ја навредуваат интелигенцијата на граѓаните и да одговорат кој е тој службеник кој на мафијашки бос самоволно ќе му издаде пасош? Кој е тој мафијашки бос кој ќе дојде кај некој обичен службеник во МВР за да вади пасош?

Живи се фатени во мафијашки скандал. Ако имаме обвинителство, сега треба да се одважи и да реагира, вели Мицкоски.

Поврзани новости