Мицкоски: Ако СДСМ победи на изборите, следува уништување на Македонија

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Општина Ранковце порача дека владеењето на Зоран Заев е кошмар за Македонците, но, како што рече, е најпосакуван сон за соседите.

-Македонија на Заев му е на дното на приоритетите. Не покажуваат елементарно чувство за Македонците. Тоа им е традиција во СДСМ. Првата влада на СДСМ започна да не убедува да се откажеме од националното знаме и ни ветуваа Европа и дека сите наши проблеми ќе исчезнат. Потоа дојде временото име. И сега 25 години покасно истото ни го ветуваа. Да ве потсетам на транзицијата кога нашите родители доаѓаа разочарани со страв како да се преживее. Потоа да ве потсетам на ТАТ кога министер во тренерки со вреќи вадеше пари. Втората генерација на СДСМ донесе голем национален срам беше кога територијалната поделба кога многу наши сограѓани станаа гости во својот дом. Тогаш се делеа тендери за тенковски делови. За оваа трета генерација што да ви кажам. Целиот криминал се гледа во Луј Витон чанта. Ако добијат четврта шанса за управување тогаш на маса на коалицијата СДСМ и БЕСА ќе биде Македонија. Прв чекор федерализација, а во втор чекор целосно уништување – рече Мицкоски.

Според него, владата на СДСМ претставува хибриден режим.

Поврзани новости