Шекеринска истакна дека судски одлуки се носеле кај Груевски, Џафери ја праша зошто не го уапсиле?

by Фокус

Зошто не го уапсивте Никола Груевски, ја праша Талат Џафери од ДУИ неговата противкандидатка во петтата изборна единица од СДСМ Радмила Шекеринска на дебата на Телма, кога се отвори расправа за состојбите во правосудството.

-Ние го почитувавме ставот да не се коментираат судски одлуки, но во 2015 година сфативме дека сме биле во грешка, бидејќи тоа не биле одлуки на судот, туку напишани во кабинетот на Груевски и пренесени преку неговата секретарка – рече Шекеринска.

Реагирајќи на тоа, Џафери ја праша Шекеринска зошто не го уапсиле Груевски ако е така, истакнувајќи дека по таа логика секој може да рече дека судски одлуки пишуваат разни луѓе.

Поврзани новости