Мицкоски: Ако добиеме 80 пратеници ќе го вратиме името Република Македонија

by fokus

Во интервју за Алсат, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека доколку на следни избори неговата партија освои 80 пратенички места, односно го има условот „Бадинтер“ ќе ги вратат уставните измени.

-За да се случи чекор назад, правно, легалистички, тоа е она за што се залага ВМРО-ДПМНЕ, на нас ни се потребни 80 пратеника во Собранието и условот „Бадинтер“. Се што е надвор од тоа ќе биде една обична лага, конструкција и обид за манипулација на чувствата на нашите сограѓани, кои веќе еднаш се повредени од страна на оваа уценета и корумпирана Влада – изјви тој.

На прашање што доколку ги добие потребните 80 пратеници, тој вели:

-Доколку имаме 80 пратеника и доколку е исполнет условот Бадинтер, ние ќе се вратиме чекор назад и ќе ги вратиме уставните измени – изјави Мицкоски.

Поврзани новости