Сообраќајна несреќа кај Галичник, едно лице со тешки повреди пренесено во болница

by fokus

57-годишен скопјанец со иницијали В.Ф. е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 14.30 часот на регионалниот пат с.Маврово-с.Галичник. Од МВР соопштуваат дека повредениот е пренесен во болница.

„На 13.07.2019 година околу 14,30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патнично моторно возило „Опел корса“ со скопски регистарски ознаки  управувано од С.Б (38) од Скопје,  и патничко моторно возило „Дачија логан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ф (57) од Скопје. В.Ф се здобил со тешки телесни повреди и бил  пренесен е во болницата во Гостивар. Увид  извршила увидна екипа на ПС-Гостивар“, соопштија од МВР.

Поврзани новости