922
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на Канал 5 упати апел до Владата да се најде начин за вакцина против корона вирус да почне да се произведува во Македонија.
-Силно апалеирам до Владата, до сите умови во фарма науката, дајте сите да се обединиме, нема овде партија, да направиме производствен погон или да најдеме начин како да обезбедиме производство во Македонија за вакцината. Мора да научиме да произведуваме, тоа е иднината. Имаме капацитети и човечки и научни. Само треба логистика. Да ги најдеме најголемите умови, да направиме една фабрика. Тоа е иднината, производството, порача Мицкоски.