Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната собраниска седница, а во врска со оставката на министерот и заменик министерот за здравство укажа на членот 219 од Деловникот за работа на Собранието, кадешто се вели дека член на Влада може да поднесе оставка, и ја повикува Владата согласно Устав и Деловник да ја достави оставката на министерот и заменик министерот за здравство до Собранието.
„Вие велите оставката е поднесена, каде е оставката ? Оставката на член на Влада до претседателот на Собрание се произнесува преку претседателот на Владата, ние ја немаме добиено уште, доколку е доставена“, рече Мицевски.
Мицевски и посочи на Владата дека се многу несериозни, како владејачко мнозинство. Меѓу другото тој кажа дека мора да знаат дека темата е многу сензитивна. И навистина е несериозно во ситуација кога слушаме дека министер и заменик министер дале оставка, тие да не бидат процесуирани односно донесени до Собранието во рокот којшто го имаа во изминатиов период.
Затоа ја повикувам Владата, согласно Устав и Деловник, да ја достави оставката на министерот и заменик министерот за здравство до Собранието.