Собраниската седница за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски започна со половина час задоцнување.
На седницата на дневен ред има само една точка, а тоа е барањето од судот за одземањето на имунитетот на пратеникот. На почетокот на седницата Никола Мицевски побара симнување на точката од дневен ред, но со 61 глас „ПРОТИВ“ не беше прифатено неговото барање.
Мицевски на денешната собраниска седница посочи дека Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања после два дена расправа одлучи да не му го одземе мандатот на пратеникот Трајко Велјаноски.
Тој истакна и дека во извештајот на комисијата пишува дека истата не зазема став по барањето на судот за одземање на мандатот на Трајко Велјаноски со 4 гласа за и 4 гласа против и запраша која е потребата да постојат комисиите кога Собранието не ги почитува нивните одлуки.
– Затоа прашувам ако комисијата не зазеде став и колегите пратеници не беа убедени дека има потреба за одземање на мандатот на колегата пратеник, ве прашувам која е потребата е да имаме комисии кога сите работи треба да завршат тука?, рече Мицевски.