Мицевски: Собранието се претвори во монструозна институција каде пратениците си судат меѓу себе!

by fokus

Ова е осми пат да се бара да се симне имунитет. Навистина е тешко денеска да се биде прaтеник, вели Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, на Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која се одлучува за имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски, за кој обвинителството бара притвор.

„Колегата Димовски достоинствено присуствуваше и редовно се појавува секаде. Не знам како може да избега, ако сакал можеше и до сега. Обвинението за потешко дело ‘тероризам’ за Димовски, го почитуваше и редовно се појавуваше на сите судски процеси и рочишта. Укинувањето на имунитетот ќе биде негова неможност да се брани за слобода. Барам да преовладее свеста, за Димовски да ја докаже невиноста, додава тој.

Мицевски смета дека Собранието се претвара, во како што вели, една монструозна институција каде пратениците си судат меѓу себе.

 

Поврзани новости